При американски напад загинале милитанти во Пакистан

Пакистанските безбедносни служби соопштија дека се убиени најмалку 6 милитанти во близина на агванистанската граница.Властите соопштија дека милитантите загинале при американски воздушен напад на група за која се претпоставува дека е поврзана со Ал Каеда и е одговорна за нападите врз НАТО покрај границата со Авганистан. Во соопштението се вели дека минатата недела во сличен напад загинал брат на еден од водачите на милитанската група.