Кинеската КП со кодекс против корупцијата

Владеачката Комунистичка партија на Кина издаде етички кодекс за справување со корупцијата во земјата. Кинеските медиуми јавуваат дека во него се наведени 52 работи кои им се забранети на членовите на партијата меѓу нив, примање парични и друг вид награди и користење на нивното влијание во корист на семејството и пријателите. Според некои наводи, во изминативе неколку децении околу 4 илјади луѓе избегале од земјата со над 50 милијарди долари, заработени од корупција.