Генерален штрајк во Грција

Во Грција денеска е свикан 24 часовен општ штрајк во знак на протест против владиниот план за штедење, што има за цел да ја извади земјата од длабоката финансиска криза. Нема да сообраќаат возовите, автобусите, бродовите, метрото, а од полноќ е затворен и воздушниот простор на Грција. Во штрајкот е најавено дека ќе се вклучат и цариниците, вработените во здравството и образованието, државните претпријатија, локалната самоуправа, банките и медиумите. Болниците ќе работат со намалени екипи и ќе опслужуваат само итни случаи.