Во турски рудник загинаа 17 рудари

Во експлозија во рудник во северозападна Турција загинале 17 рудари, од кои петмина откако биле хоспитализирани. Градоначалникот на Дурсунбеј, Рухи Јилмаз, соопшти дека во моментот на несреќата во рудникот на 250 метри под површината се наоѓале 51 рудар. Несреќите во турските рудници се честа појава поради лошите услови во нив. Пред два месеца во рудник за јаглен во близина на Бурса, 19 рудари загинаа при експлозија на динамит.