Напори за продолжување на преговорите за Северна Кореја

Претставници на САД и на Јужна Кореја деновиве престојуваат во Пекинг во рамките на обновените дипломатски напори за продолжување на преговорите за прекин на нуклеарната програма на Северна Кореја. Специјалниот пратеник на претседателот Обама, Стивен Босворт денеска ќе се сретне со својот кинески колега Ву Давеи. Портпаролот на Стејт департментот Пи Џеј Кроули вчера изјави дека Вашингтон силно ги поддржува напорите за продолжување на овие преговори.