Прогноза за времето- променливо со повремен дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд. Ќе има услови за локална појава на грмежи, а ќе дува и слаб југозападен ветер. Утринската температура се движи од два до седум, а дневната ќе биде од осум до 16 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб ветер од југозападен правец. Утринската темпратура се спушти до четири, а дневната ќе достигне до 11 степени.