Мексико, Латинска Америка и Карибите ќе формираат самостоен блок

Мексиканскиот претседател, Филипе Калдерон изјави денеска дека заедно со Латинска Америка и Карибите се договориле да формираат регионална алијанса без Соединетите Американски Држави и Канада. Калдерон изјави дека новиот блок „мора да ја има за приоритет регионалната интеграција и агенда да ја промовира на глобално ниво“. Новата група се очекува да биде алтернатива на Организацијата на Американските Држави која е главен форум за регионалните прашања во изминативе 50 години известуваат новинските агенции.