ЕУ ќе го разгледува предлогот за кандидатура на Црна Гора

Шпанскиот државен секретар за меѓународни односи, Анхел Лосада денеска најави дека Европската Унија во јуни ќе го разгледува предлогот за зачленување на Црна Гора во Унијата. Тој додаде дека во меѓувреме се очекува да заврши постапката на ратификација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Лосада истакна дека Европската Унија ја смета Црна Гора како фактор за стабилност на Западен Балкан и ги смета за одлични активностите кои ги спроведува за регионална соработка. Тој укажа дека Црна Гора исполнила дел од европските реформи, но се уште има многу работа да заврши до достигнувањето на полноправно членство во Унијата.