Иран: Сунитскиот бунтовник е подржуван од САД и некои земји на ЕУ

Иран соопшти дека има солидни докази дека Соединетите Држави и некои земји од Европската Унија го подржувале сунитскиот бунтовнички лидер, кој за Техеран е терорист. Иранскиот министер за разузнавање изјави дека Абдулмалик Риги - лидер на Јундалах опозициска група сунити кои превзеле оружен бунт во југоисточен Иран е уапсен. Се веруваше дека Риги е во Пакистан. Тој, според министерот Хадјдар Мослехи бил во американска база 24 часа пред да биде уапсен, а патувал и во некои европски земји. Оваа група, која ја обвинува шиитската влада за дескриминација на сунитите, ја презеде одговорноста за неколку бомбашки напади во Иран, во кои загинаа десетици лица во последните години.