МПО не е дел од Македонско-американската коалиција за Цензусот 2010

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) денеска објави дека Македонската патриотска организација (МПО) не е веќе дел од проектот „Македонско-американска коалиција за цензусот 2010“ кој е во врска со пописот на населението на САД за 2010 година.
- ОМД вложи напори да создаде коалиција со што неколку македонско-американски групи ќе можат да работат на заедничката кауза - утврдување на точната бројка на Американци со македонско потекло. За жал, МПО се оддалечи од таа цел повикувајќи ги своите членови да се идентификуваат себеси за нешто друго наместо за Македонци на формуларот за американскиот попис, изјави претседателот на ОМД Методија Коловски.