ЕК проект - Западен Балкан со заеднички воздушен простор

Европската Комисија официјално почна проект за поддршка на косовската управа за цивилна авијација со цел спроведување договор за Заеднички воздушен простор. Во соопштение од ЕК се вели дека ЕЦАА договорот бара од партнерите од Западен Балкан постепено да спроведуваат воздушно законодавство на ЕК и да станат во целост интегрирани во внатрешниот авио-пазар на Унијата.