ЕУ подготвена да и даде „патоказ“ за визна либерализација на Украина

ЕУ е подготвена да и даде „патоказ“ за визна либерализација на Украина, соопшти шефот на италијанската дипломатија Франко Фратини, по состанокот на министри за надворешни работи на ЕУ во Брисел.
Новоизбраниот украински претседател Виктор Јанукович е проруски ориентиран.
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски вели дека ЕУ треба да работи на зајакнување на проевропските сили во Украина.
Од друга страна, латвискиот шеф на дипломатијата Марис Риекстинс смета дека ЕУ треба да почека да ги види надворешно-политичките приоритети на Јанукович.