Иран - Две нови постројки за збогатување ураниум

Шефот на нуклеарната програма на Иран, Али Акбар Салеи соопшти дека земјата планира да изгради уште две нови постројки за збогатување ураниум. Постројките ќе бидат сместени во внатрешноста на планина за да се заштитат од евентуален напад. Салеи, за новинската агенција ИСНА изјави дека изградбата на постројките ќе почне во персиската нова година што почнува на 21 март.
Салеи вели дека долгорочно, Иран планира да изгради 10 постројки за збогатување ураниум.
За САД ова е доказ дека Иран не е заинтересиран за соработка со меѓународната заедница во врска со нуклеарната програма.