Уапсени за обид за државен удар во Турција

Турскиот премиер Реџеп Ердоган денеска изјави дека во Анкара се уапсени повеќе од 40 луѓе кои се осомничени за заговор против државата и сегашната Влада. Ердоган додаде дека тие се обвинети за обид за дестабилизирање на состојбата во земјата со што би и овозможиле на Војската да ја преземе власта. Меѓу уапсените се и тројца генерали и 10-тина воени официри. Шефот на војската ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека вклучувањето на војската во државен удар е минато. Турската војска во последниве 40 години има симнато четири владини структури од државниот престол.