Груевски: Граѓаните да си го осигураат имотот

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска изјави дека Владата ќе помогне во делумно санирање на штетите од евентуалните поплави. Тој додаде дека „не би било на одмет“ граѓаните да размислат за осигурување на својот имот. Груевски рече дека е формиран координативен тим од неколку министри и директори што ја следат состојбата со временските непогоди и природните проблеми што ја зафатија земјава.