ЕУ нема да и даде на Грција 25 милијарди евра

Европската Комисија денеска негираше дека планира да одвои 25 милијарди евра за проблематичната грчка економија. Ваквото соопштние следува по сторијата на германкиот неделник „Шпигел“ дека германското министертво за финанси планира да и помогне на Грција да излезе од долговите. Потпаролот на Европската Комисија, Амадеу Алтафај изјави дека не постои таков план затоа што, како што вели „Грција до сега не побарала ни едно евро како помош од Европската Унија“.