Младенов: ЕУ да ја користи бугарската експертиза за Балканот

Евроинтеграцијата на Македонија, проблемите со Косово и Босна и Херцеговина се дел од темите за кои, денеска во Брисел, разговарале претставникот на Европската Унија за надворешни работи, Кетрин Ештон и бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Младенов. Ова го соопшти бугарското министертво за надворешни работи. Министерот Младенов побарал Европската Унија да ја користи бугарската експертиза, како за формирање на европската политика кон западен Балкан така и за другите региони во кои Бугарија има традиционални интереси, пренесува македонската новинска агенција МИА.