Најмалку 16 луѓе се убиени во Ирак

Ирачките власти соопштија дека вкупно 16 луѓе денеска се убиени во Ирак на две недели пред престојните парламентарни избори. Во еден инцидент исечени им се главите на 8 луѓе ,а во друг инцидент се убиени ирачки војници и полицајци во градот Мосул. Во градот Рамади бомбаш самоубиец со возило влегол во Министертвото за внатрешни работи. Во експлозијата загинале тројца вработени во министертвото и едно 6 годишно момче. Застрелан е денска и еден претставник на министертвото за образование во Багдад.