Израел на „сослушување“ пред министрите на ЕУ

Израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман денеска се очекува да одговара на прашања од европски претставници во врска со аферата на користење европски пасоши од страна на Израелци, кои извршиле атентат врз претставник на Хамас во Дубаи. Израел официјално ниту потврди, ниту демантира вмешаност во инцидентот. Состанокот ќе се одржи на маргините на средбата на шефовите на дипломатиите на Европската унија во Брисел на кој главно ќе се расправа за ситуацијата во Авганистан, иранската нуклеарна програма и односите со Украина, по изборот на Јанукович за претседател.