Повторно дефект на Еуростар

Над 700 патници биле евакуирани од возот Еуростар, кој сообраќа од Париз до Лонодн, поради дефект. Според патниците, дефектот се случил во јужна Англија, а по нив дошол спасувачки воз кој ги пренел до Лондон. Неколку воза на Еуростар застанаа и пред Божиќ поради снежното невреме и ниските температури.