САД го зголемуваат притисокот за санкции против Иран

Соединетите Американски Држави ќе го зголемат притисокот за спроведување санкции против Иран поради неговата контроверзна нуклеарна програма. Американскиот генерал Дејвид Петраус изјави дека никој нема да се противи на одлуката на Соединетите Држави, како и на другите големи земји, бидејќи тие им дадоа шанса на иранските власти прашањето да го решат на дипломатски начин.