Уапсен еден од најбараните лидери на Талибанците во Пакистан

Пакистанската полиција соопшти дека во северозападниот дел на земјата е уапсен еден од десетте најбарани лидери на Талибанците, Мулви Кабир. Полицијата го уапсила Кабир во регионот Нав Шера, благодарение на командантот на Талибанците, Мулах Барадар, кој беше уапсен на 18 јануари по американско- пакистанската операција. Кабиер е и поранешен лидер на Талибанците во авганистанската покраина Нангахар.