Холандските војници летово ќе го напуштат Авганистан

Холандскиот премиер, Јан Петер Балкененде изјави денеска дека холандските трупи најверојатно ќе го напуштат Авганистан годинава како што е планирано. Ова го соопшти еден ден по колапсот на коалициската влада .Коалицијата се распадна кога партнерите не може да се договорат за прашањето , дали да се одобри барањето на НАТО и 1600 војници да останат уште една година во Авганистан или да си заминат во август, годинава според претходно планираното.