Грција нема да бара заем од ММФ

Грција во ниеден случај нема да побара пари од Меѓународниот монетарен фонд за да излезе од долговите. Ова денеска го изјави потпретседателот на грчката Влада, Теодрос Пангалос. Во текот на наредната недела Грција очекува да ја посетат економски експерти од Европската централна банка,од Европската комисија и делегација на ММФ. На заедничка средба со грчките власти во Атина, експертите ќе го разгледуваат економскиот напредок на земјата.