Досега 30-тина војници на НАТО загинале во Марџах

НАТО денеска соопшти дека еден странски војник загинал при експолозија на бомба во јужен Авганистан. Претставници на ИСАФ мисијата соопштија дека уште двајца други војници од нивните редови загинале но според правилата не ја соопштуваат националната припадност на војниците. Од почетокот на заедничката операцијата Муштарак на НАТО и авганистанските безбедносни сили, против талибанските бунтовници во Марџах до сега се загинати вкупно 25 странски војници.