Убиен лидер на исламистичка организација

Претставници на филипинската војска соопштија денеска дека филипински маринци убиле еден од лидерите на исламистичка организација и пет екстремисти во напад на нивниот логор на остовот Јоло. Потполковникот Бенџамин Долорфино изјави дека овој напад следувал по извештајот на разузнавачката агенција дека во тој логор се кријат двајца водачи на организацијата за која постои сомнение дека е поврзана со Ал Каеда. За убиениот лидер на организацијата, Албадер Парад е распишана потерница за киднапирање на членови на Црвениот Крст. Во нападот загинал и еден маринец додаде во објаснувањето Долорфино.