Српско-хрватски проблеми

Новиот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ во интервју за „Јутарњи лист“ изјави дека проблемот со српската граница е помал и полесно решлив, за ралика од оној со Словенија. Јосиповиќ истакна дека во хрватско–српските односи има уште еден проблем кој мора наскоро да се реши, а тоа е статусот на хрватските граѓани од српска националност, кои по воените случувања во 90-тите избегале во Србија. Тој додаде дека тие граѓани имаат право да се вратат и имаат право на својот имот.