Уапсени над 30 неонацисти во Хрватска

Хрватската полиција соопшти дека уапсила 35 неонацисти кои помагале во подготовките за концертот на германска нацистичка рок група „Блу Макс“. Хрватските медиуми известуваат дека меѓу уапсените се и неколку членови на бендот. Началникот на полициската станица, Абел Цар изјави дека уапсените се осомничени за нарушување на уставниот поредок и за предизвикување на национална и верска омраза.