Невремето во Португалија однесе најмалку 38 жртви

Најмалку 38 луѓе загинаа и над 70 се повредени во вчерашното невреме на португалскиот остров Мадеира, соопштија властите. Спасувачките тимови трагаат по десетиците луѓе кои се уште се водат како изчезнати, а евакуирани се стотици луѓе до сега се вели во соопштението. Министерството за внатрешни работи соопшти дека се уште се анализира дали има потреба да прогласат вонредна состојба и да побараат помош од Европската Унија. Островот Мадеира е позната туристичка дестинација.