Франција побара поддршка од Сирија

Франција соопшти дека Сирија може да постигне економски прогрес, ако помогне во мировните напори на Блискиот Исток вклучувајќи се и во изнаоѓање решение за нуклеарната криза со Иран. Францускиот премиер Фансоа Филон при денешната посета на Дамаск изјави дека обидите за решение за нуклеарниот проблем се безуспешни, затоа што иранската влада нема слух и интерес тоа да го реши. Тој изрази надеж дека Сирија ќе се приклучи кон нивните напори. Односите меѓу Сирија и Франција се подобрени откако сирискиот Претседател го посети Париз во 2008 по повеќегодишните тензии поради сириските политички интервенции во Либан.