Расмусен: Нуклеарната програма на Иран може да го загрози НАТО

Ако Иран продолжи да ги развива нуклеарните капацитети, особено во областа на вооружувањето, земјите-членки на НАТО може да бидат загрозени. Ова денеска го изјави главниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен во интервју за италијански весник. Тој истакна дека, кога ќе дојде моментот, НАТО ќе ги донесе сите неопходни одлуки за заштита на своите членки. Расмусен побара од иранската влада да го прекине нуклеарниот процес на збогатување ураниум и да се дојде што поскоро до политичко решение за проблемот.