Најмалку 10 илјади луѓе го поддржуваат државниот удар во Нигер

Околу 10 илјади луѓе денеска во Нијамеј се собраа да ја поддржаат воената власт што изврши државен удар во Нигер јавува новинската агенција Франс пресс. Собирот го организирала опозицијата пред парламентот за како што велат „да го прослават падот на дикататурата на Мамду Танџа“. На чело на државата сега е мајорот Салу Ѓибо.Франс прес известува дека состојбата во Нигер во измената година била многу напната откако претседателот Танџа го сменил уставот на земјата за да добие можност за трет претседателски мандат. Соединетите Американски Држави, Европската Унија и Афричката Унија го осудија протерувањето на претседателот Танџа и побараа одржување на слободни избори во земјата.