Цената на нафтата во февруари повисока за 12 насто

Цената на нафатата на њујоршкиот пазар само во текот на овој месец се зголеми на 12 насто. Вчера еден барел што ќе се испорачува во март чинеше над 79 долари. Ваквото зголемување на цената се објаснува со штрајкот на вработените во рафинериите во Франција, како и со растечките тензии околу иранската нуклеарна програма.