Пад на холандската влада поради Авганистан

Холандската коалициона влада падна по неуспехот на двете најголеми партии да постигнат согласност за тоа дали холандските војници во Авганистан треба да се вратат дома годинава како што е и планирано. Ова изутрината го соопшти премиерот Јан Петер Балкененде по скоро 16 часовните разговори со коалиционите партнери. НАТО побара од Холандија да ги задржи своите 2 илјади војници во Авганистан и по август годинава. За разлика од демохристијаните на Балкененде кои го прифаќаат барањето, лабуристите се за враќање на војниците според планираното.