За жалбата на Тарчуловски кон крајот на март

Хашкиот трибунал на денешната статусната конференција соопшти дека пресудата по жалбата на Јохан Тарчуловски за 12-годишната затворска казна за случајот „Љуботен“ може да се очекува кон крајот на март или во првата половина на април.
Од страна на Судот беше покренато прашањето и за третманот во притворското одделение, за кое Тарчуловски се изјасни дека нема никаков приговор. Затоа очекуваме одлуката по повод жалбата наскоро да биде донесена, изјави адвокатот на Тарчуловски, Антонио Апостолски.