Уапсен еден од најпопуларните радио водители во Узбекистан

Една организација за човекови права во Узбекистан соопшти дека популарниот спортски коментатор и водител на радио програми за исламот, Кајруло Хамидов, бил обвинет за екстремизам. Тој и уште 22 други лица биле обвинети за подготовка на материјали со кои се загрозува јавниот ред и мир. Узбекистанските власти не ги потврдија овие информации.