Хашкиот суд за меѓусебните хрватско - српски тужби за геноцид

Меѓународниот суд во Хаг ги одреди 20 декември 2010 и 4 ноември 2011 година како рокови во кои Хрватска и Србија треба да ги достават официјалните јуридистички ставови за взаемното обвионување за геноцид.
Хрватска поднесе жалба на почетокот од 1999 година, во која Загреб побара Србија да биде обвинета за геноцид за време на војната на територијата на Хрватска во периодот од 1992 до 1995 година, како и да му се наложи на Белград да ги казни сите извршители на геноцидот, и да и ги врати на Хрватска културните вредности и да исплати репарации во висина одредена од судот.
Во жалбата на Србија, Белград побара да биде обвинета Хрватска за геноцид за време на операцијата „Бура“ преземена во август 1995 година и за „плановите за уништување на српската национална и етничка група во Зобласта Краина“.