Русија бара од Иран да соработува со МААЕ

Руското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Иран мора активно да соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија за да го убеди светот дека неговата нуклеарна програма е за мирољубиви цели. Инаку, денеска иранскиот претставник во Агенцијата ги отфрли како неосновани тврдењата во извештајот дека Иран се обидува да произведе нуклеарно оружје.