Кетрин Ештон во посета на Косово


Шефот за надворешна политика на Европската Унија, Кетрин Ештон, во рамките на балканската турнеја, денеска пристигна на Косово. Вчера во Белград Ештон ја повика Србија да ги подобри односите со Косово, додавајки дека различните позиции на земјите членки на Унијата спрема Косово, не треба да ја попречуваат практичната соработка.