ОН бараат 1,44 милијарди долари за Хаити

ОН соопштија дека им се потребни 1,44 милијарди долари за помош за жртвите од земјотресот и за обнова на Хаити. Ова е најголемото барање за хуманитарна помош досега. ОН соопштија дека донаторите веќе дале 673 милиони долари, што значи дека се потребни уште 768 милиони за да се покријат потребите на Хаити за оваа година.
Во земјотресот што ја погоди оваа островска земја минатиот месец загинаа 217 илјади луѓе. На 1,2 милиони луѓе им е потребна итна помош и сместување, додека 2 милиони луѓе се без храна и вода.