Временска прогноза - сончево време и слаб ветер

Времето ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе се зголеми облачноста и ќе врне слаб дожд во северозападните делови од земјава. Претпладнето, во одделни котлини ќе има слаба магла. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, особено долж Повардарието и во Пелагонија.
Утринската темепратура се движи од два до осум, а дневната од 11 до 18 степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 15 степени.