Извештајот на ОН за тајните притвори „конфликтен“?

Руски претставник во Обединетите Нации, Владимир Зеглов денеска го опиша извешајот на Обединетите нации за тајните руски притвори како „конфликтен “ и побара да се тргне од официјалната веб страна. Извешатој од 200-те страници вклучува обвинувања за руски тајни притвори во кавкаскиот регион и е достапен на интернет од минатиот месец. Зеглов изјави дека тој извештај е напишан од неколку независни експерти за човекови права од Обеднинетите Нации и не треба да биде објавен како официјална студија на Обединетите Нации. Претствници на Соединетите Американски Држави и Европскта Унија најавија дека за овој извештај ќе се разговара на состанокот на Советот во Женева. Во тој извештај критикувани се и САД и Британија.