Новиот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ денеска ја положи претседателската заклетва пред Уставните судии. Во инагурацискиот говор Јосиповиќ истакна дека новата должност ќе ја извршува совесно и дека ќе се залага за добрососедски односи на Хрватска. Инагурацијата на Јосипович ја следеа 70 делегации на меѓународни организации и институции и 10–тина претседатели од регионот меѓу кои и македонскиот, Ѓорѓи Иванов. Српскиот претседател Борис Тадиќ не присуствуваше поради присуството на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу.