Ештон денеска во Србија

Министерката за надворешна и безбедносна политика на Европската унија Кетрин Ештон денеска ќе престојува во посета на Србија. Таа утре ќе го посети Косово, а вчера во Сараево изјави дека Европската унија никогаш нема да дозволи распаѓање на Босна и Херцеговина. Ештон пред нејзината прва посета на регионот изјави дека Западен Балкан е главен приоритет на надворешната политика на Унијата.