Европски парламентарци во посета на Македонија

Претставници на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија- ЕУ и на Комисијата за надворешна политика на европскиот парламент се наоѓаат во официјална поста на земјава. Предвидено е тие да се сретнат со македонскиот премиер Никола Груевски и Вицепремиерите за европски прашања Васко Наумовски и за имплемантација на Рамковниот договор Абдулаким Адеми. Попладне ќе биде одржан седмиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија - Европска унија.