Либерман: МОСАД не стои зад убиството на командант на Хамас

Изреалскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман денеска изјави дека нема доволно докази дека разузнавачката агенција МОСАД е виновна за смртта на командант на Хамас. Воената групација Хамас ја обвини израелската агенција за убиство на еден од главните оперативци, Махмуд ал Мабхоух, кој беше пронајден мртов во еден хотел во Дубаи. Властите на Дубаи сомничат 11-мина за ова убиство и јавно потврдија дека станува збор за вмешаност на европски агенти .