„Газпром“ сака да извезува гас во Романија без посредници

Рускиот „Газпром“ покажа интерес за воспоставување на директна врска со романската компанија „Ромгаз“, по истекот на договорите за увоз на руски природен гас во Романија. Ова е наведeно во соопштението на романското Министерство за економија. Заменик-претседателот на „Газпром“, Александар Медведев денеска се сретна со романскиот министер за економија Адријан Видјану во Букурешт. Романија увезува руски гас со посредство на руско-германската компанија.