Македонија - Во Јануари зголемени трошоците за живот

Трошоците на живот во јануари годинава во споредба со декември лани се зголемиле за 0,7 проценти, а во однос на јануари минатата година за 0,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика.
Според намената на потрошувачката, во јануари годинава во однос на декември минатата година пораст на трошоците на живот е евидентиран во групите - домување, вода, електрика, гас и др. горива за 5,3 проценти, рекреација и култура за 2,6 проценти, транспорт за 1,9 проценти, мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0,8 проценти, облека и обувки и здравје за 0,4 проценти и останати стоки и услуги за 0,2 отсто.
Намалување на трошоците на живот е забележано во групите - комуникации за 2,7 проценти и храна и безалкохолни пијалаци за 0,4 отсто. Непроменети останале трошоците за алкохолни пијалаци, тутун, образование и ресторани и хотели