Фејт: Стратегијата за Северно Косово зависи од локалното население

Стратегијата за северниот дел од Косово е остварлива доколку ја прифати локалното население, изјави денеска шефот на Меѓународната цивилна канцеларија на Косово, Питер Фејт, сметајќи дека треба да се расформираат паралелните структури во земјата.Фејт изјави дека МЦК сака да се консултира со Белград за следните чекори.
По повод двегодишнината од независноста на Косово, Фејт оцени дека во земјата е постигнат добар напредок, истакнувајќи дека неговата моментална задача е надгледување на функционирањето на косовските институции.