САД ке испратат Амбасадор во Сирија

Американскиот Претседател Барак Обама го номинираше Роберт Форд за прв амбасадор во Сирија од 2005 година. Вашингтон го повлече својот амбасадор од Дамаск по убиството на либанскиот премиер Рафик Харири, зад кое ,според многумина, стоеше Сирија. Дамаск тоа го негираше, а администрацијата на Барак Обама се обидува да ги обнови врските во регионот.